Ја знајме бабата шо давала еден денар за да се фатит на_оро, та после давала дури пет за да се пуштит. Ногу такви ора се игрет ширум ЕУ.
После најновата кореографија именувана како “казна од €250.000 по одбијан мигрант”, Чешка е една от последните шо барат начин да излезит от прегратките на блудницата. Ќе успејт?! Тешко баба ќе да се пуштит од орото дури овие свирет по нифно. Еднуш шом те примет, единственото нешчо шо ти мојш да го бираш е… змијата или магарето?!
Ево сега, овие источно од нас, шо за воља на вистината се ногу подобни за членство во Унијата, требит да примет 1200 мигранти. Ак ги примет, таму ќе останет. Си го знает то. Ак не… помножете 250 000 х 1200 па ќе видите колку се исплашчат дружејнето со богатите.
Ушче с’мо ние и овие северно от нас “плачиме” за дружба со ниф.
Ушче с’мо македонските и српските политичари, кога и да излезет на телевизорот, не пропушчет да кажет дек “ЕУ и НАТО интеграциите се приоритет за државата.”
Па да. Зш с’мо на другите да им е убо!?
А овие од нашава “бушава азбука” прает све за да го донесет народецов таму от кј шо другите по секоја цена сакет да излезет. Да, да! Ќе напрает све за да го донесет народецов до продјачки стап. Малку фалит!
Иии… немојте да мислите дека ќе немат појќе кореографии!
Ристо Ристе
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на ОхридНењс не сноси одговорност за изнесеното во нив