Охридската локална самоуправа годинава ќе потроши околу 61,3 милиони  денари за асфалтирање на улиците низ градот. Според Програмата за уредување на градежно земјиште за 2010 година, изработена од одделението за комунален развој и сообраќај, најголем дел од овие средства односно вкупно 12,3 милиони денари ќе се потрошат за асфалирање и реконструкција на улиците “Абас Емин”, “Никола Карев”, “Јане Сандански” и “Ристо Чадо”.


По 2 милиони денари односно вкупно 10 милиони, ќе се потрошат за асфалтирање на улиците “Пере Тошев”, “Ариф Мустафа”, “Радојца Новичиќ”, “Сатеска”, како и дел од улиците во населбата Далјан. Вкупно 4,5 милиони денари се наменети за реконструкција на приклучните улици на булеварот “Железничка” и улицата “Партизанска”, како и за асфалтирање на улицата “Богомилска”. 2,5 милиони денари ќе се вложат во улицата “Лазо Трпоски”, 3 милиони денари се планирани за асфалтирање на  улиците кај Болничкиот комплекс и 2 милиони денари за реконструкција на улицата “Македонски Просветители”.

 За Тампонирање на улиците во програмата за оваа година, планирани се околу 8,8 милиони денари, а за поплочување на троторите 28 милиони денари. За изградба на раскрсници и изведба на паркинг места ќе се потрошат околу 7,2 милиони денари , а за поставување на улични рабници околу 2,5 милиони денари.

Ohridnews