Бразилскиот супермодел Алесандра Амброзио работи и кога е на плажа. Славната манекенка неодамна снимала реклама за еден моден бренд во Мајами, па „работната“ фотографија, додека лежи на плажа во бикини, ја објавила на Инстаграм. Таа под фотографијата напишала „Уште еден ден во канцеларија. На работа, на плажа во Мајами“.
Ангелот на Викторија Сикрет има син и ќерка со калифорнискиот бизнисмен Џејми Мазур. Иако е мајка на две деца, може да се пофали со совршена фигура, иако неодамна признала дека после второто породување симнувањето на килограмите и одело многу потешко.