Меѓународната унија за зачувување на природата објавила шокантен податок за исчезнување на животните и растенијата во светот. Тие објавиле податок дека во изминативе 500 години изумреле 800 видови и дека истребување им се заканува на уште 17 илјади животни и растенија.


Меѓу оние на кои им се заканува истребување, една третина се водоземци, една осмина птици и една четвртина цицачи. На крајот од соопштението додаваат дека ова не е детален попис на податоците бидејќи биле испитани само мал процент од вкупно еден милион и 800 илјади видови кои денес живеат на планетата.