Во текот на првите четири дена од годинава, на подрачјето на Македонија се регистрирани вкупно 183 сообраќајни незгоди, информираат од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Од нив две се со тешки телесни повреди, и во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека пак 17 сообраќајки се со телесни повреди во кои 24 лица се здобиле со телесни повреди. Останатите 164 сообраќајни незгоди се проследени само со материјална штета, главно од помала вредност.

Од вкупниот број на регистрирани сообраќајни незгоди – 83 се случиле на подрачјето на Скопје, од кои пет се со телесни повреди во кои осум лица се телесно повредени, а 78 се проследени само со материјална штета.

извор:МВР