Популарниот ланец ресторани за брза исхрана за паровите почнал да организира свадебени свечености наречени McWedding церемонии. За венчавката младенците добиваат хамбургери и свадбена торта од пита од јаболка. Сепак церемонијата не може да биде приватна и паровите се изложени на погледите на другите гости во ресторанот.
МекДоналдс не точи алкохол, па младенците можат да наздрават со Кока Кола или некој друг безалкохолен пијалок. Церемонијата чини околу 300 евра. Директорката на МекДоналдс во хонг Конг дошла на оваа идеја кога еден пар кој се запознал во ресторанот се венчал во истиот.