Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19. Починато е едно лице од Тетово, а регистрирани се 28 оздравени пациенти.

Лице од Тетово, починало во болнички услови, а е на возраст од 77 години, соопштуваат од МЗ.

Од 54 новозаразени, од Тетово се 32, Скопје – 13, Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.

Од 28 оздравени пациенти, од Скопје се 12, Куманово – 4, Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.

Направени се вкупно 3.087 тестови.

 

ОhridNews