Министерството за внатрешни работи изминатите 24 часа издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 1.289 странски државјани.

Од нив, 911 се од машки пол, 170 од женски, 185 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 23 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-975, Авганистан – 81, Ирак–77, Пакистан – 41, Палестина – 41, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до 28 август годинава во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 49.283 странски државјани. Од кои, 34.025 се од машки пол, 6.763 од женски, 7.665 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 830 деца кои патуваат без родител на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.139, Авганистан-2.339, Ирак-2.229, Пакистан-1.493, Палестина-644, Сомалија-564, Бангладеж-347, Конго-308, Нигерија-187, Камерун-156, Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 27 август годинава до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Вкупно 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан, од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во периодот од 8 часот на 26 август до 27 август 2015 година во 8 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

OhridNews