Најреномираниот и најголем производител на леб и печива АД „Жито Леб“ – Охрид, започнува голема промотивна акција. Од денеска за секој купен Охридски варен ѓеврек или био-ѓеврек, купувачите добиваат гратис уште еден и тоа за цена од само 15 денари! Акцијата важи само во специјализираните продавници (млечните ресторани) на „Жито Леб“ во Охрид, Струга и Скопје.

„Жито Леб“ за своите верни купувачи подготви уште едно пријатно изненадување. Со секој купен леб Т 500 од 550 грама, купувачите сега добиваат гратис француско лепче од 140 грама. Оваа акција е актуелна во сите продажни места, односно маркети, трговски ланци и продавници каде се продаваат производите на „Жито Леб“ во Охрид и земјава.

„Жито Леб“ има најголем избор на леб и специјални лебови и печива, а покрај надалеку познатите свежи производи, компанијата произведува и смрзнати производи кои освен на домашниот се пласираат и на странскиот пазар.

OhridNews