Бизарно но вистинито, 18-годишната Кеилин не може да престане да јаде пластика. Во последниве 11 години изела 68 килограми пластични предмети, па сега за неа и за нејзината зависност се снима документарен филм. Таа рекла дека пластиката е нешто што сака и дека чувствува дека и е потребна.
За среќа или не, таа работела како келнерка и често доаѓала во контакт со пластични предмети. Додека некои во стресните ситуации јадат чоколади, други пушат цигари, трети медитираат, оваа девојка од Калифорнија мора да изеде некое пластично парче по секоја цена. она што и помага во нејзината ситуација е тоа што не е единствената на светот, и тоа што постојат лица кои обожаваат храна за мачки или мирисање бензин.