Интернет домејнот YU конечно заминува во историјата, одлучи ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers), четири години откако бившата држава е преименувана во Србија и Црна Гора и година дена откако се распадна на две држави.

Секогаш кога ќе дојде до вакви промени ICANN мора да пронајде организација која ќе ги претставува корисниците на новите земји, односно земјите со променето име, т.е организација која е спремна и способна  да управува со домејнот.

Тоа конечно им пошло од рака во случајот на Србија и Црна Гора, па така владата на Црна Гора добива домејн „me“, додека Србија формирала здружение Српски национален регистар на интернет домејни кое трба да се погрижи за воведување на нови српски домејни „rs“.

Во преодниот период, за преостанатите страници на yu домејните ќе се грижи група волонтери од Белградскиот Универзитет, а се очекува транзицијата на нови домејни да трае две до три години.   

Ј.М.