Компанијата „Yahoo“  во американската верзија на својот пребарувач воведе нова функција „директно пребарување“, пренесуваат странските агенции.
 
Станува збор за кутија во која се појавуваат сугестии веднаш откако корисникот ќе ги впише клучните зборови за пребарување.
 
Во таа кутија има 10 моментални теми што се појавуваат на левата страна, а стрелката овозможува пристап до линковите на десната страна кои понекогаш следат определени фотографии, планови или мапи.

OhridNews
извор: „Макфакс“