Интернет компанијата Yahoo планира да ги намали трошоците од работењето, што вклучува укинување на 1.600 работни места, или 15 отсто од вкупниот број на вработени, како и гасење на неколку деловни оддели, пишува Wall Street Journal.
Раководството на Yahoo веќе подолго е под притисок на инвеститорите кои бараат компанијата да го продаде своето темелно работење, а не да го издвои од компанијата, како што планираше управата. Телекомуникацискиот гигант Веризон претходно порача дека е заинтересиран за купување на Yahoo, а можни потенцијални купувачи се и некои медиумски компании и приватни инвестициски фондови.
Yahoo кон средината на минатата година имаше околу 11.000 вработени, додека на крајот на 2014 година имаше 12.500 вработени. Поради силната конкуренција од Google и Facebook, Yahoo не успева да го прошири интернет работењето, ниту позначително да ги зголеми приходите од огласување. Поради тоа во изминатата година акцијата на Yahoo загуби околу две третини од својата вредност.
OhridNews
извор Макфакс