Охридскиот пливачки маратон в година ќе се одржи на 18 јули, а како и минатиот, ќе биде дел од Гран при-серијата на ФИНА.

Гран при-серијата започнува на 1 февруари во Санта Фе, Аргентина, а завршува на 25 октомври во Дубаи.


Предвидени се вкупно 10 трки. Пред Охрид, традиционално ќе се плива маратонот во Шабац, Србија. Веднаш по охридскиот маратон, Гран при-серијата се сели во Северна Америка, каде што на 23 јули ќе се плива маратонот Лак Сен Жан во Канада.

Минатото лето Гран при-серијата имаше девет трки. Охридскиот маратон се одржа на 19 јули, а победија Бугаринот Петар Стојчев и Германката Стефани Билер. Најдобропласиран Македонец беше Томи Стефановски (4).

ohridnews