Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија, од 17-19 јануари 2025 ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2025“.

Oваа година конференцијата, ќе се одржува во два града- Битола и Охрид, а тематски е фокусирана на „Колективната меморија, политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи“. На конференцијата ќе бидат презентирани 54 трудови од 68 учесници кои доаѓаат од 14 држави, информираат организаторите.

Отворањето на конференцијата ќе биде денес со почеток во 11.00 часот, во Охрид во просториите а Македонската академија на науките и уметностите во „Куќата на Уранија“.

OhridNews