Авторот на стрипови Марк Милар изјавил дека постои можност “X-Men” и “Fantastic Four” да се спојат во еден филм.


Тој во едно интервју изјавил дека би било можно ликовите од едниот филм да се појават и во другиот. “Највозбудливото нешто во филмовите за суперхерои е тоа што може да ги споите ликовите во еден филм”, а за тоа ги посочил некои сцени од Одмаздници. Ова не е дефинитивна потврда, но секако е возбудливо да се слушне информација од овој вид од главниот консултант на Фокс.

Наредниот “X-Men” филм, “X-Men: Days Of Future Past”, ќе биде прикажан на 22 Мај 2014 година.