Охриѓанецот Боби Мојсоски имаше уште еден одличен настап на регионалното музичко шоу „X Factor“. Моќната изведба на безвременскиот хит “Carrie”  на рок составот “Europe” го освои жирито на шоуто, а Боби обезбеди пласман во групата на Александра Ковач, која ќе го продолжи натпреварувањето.

Во групата на Александра има уште еден Македонец, извонредниот млад вокал Давид од Скопје, кој ја расплака менторката и член на жирито, со изведбата на „Тајно моја“ од Тоше Проески.

Ова е второ издание на регионалното шоу „X Factor“. Победник на првото беше исклучителниот македонскиот вокал Даниел Кајмакоски.

OhridNews