Извонреден настап имаше охриќанецот Боби Мојсоски во третото издание во живо на регионалното музичко шоу „X Factor Adria”. Во вечерта посветена на љубовни песни тој ја изведе „Опет си побједила“ на Тони Цетински. За настапот Боби доби одлични критики од жирито, а најдобрата беше од хрватскиот член на жирито Тончи Хулјич кој му се обрати со зборовите „Ќе испадне дека „X Factor“ е шоу во кое секогаш победуваат Македонци!“