Боби Мојсовски со уште еден прекрасен настап, и извонредни критики од жирито, заслужено зачекори кон полуфиналето на шоуто X factor Adria. Боби овојпат ја испеа „По Тебе“ од незаборавниот Тоше Проески.
Во синоќешниот лајв на шоуто X factor Adria, испаднаа четворица кандидати, меѓу кои и Давид Темелков кој не успеа да влезе во полуфиналето. После изведбата на песната за спас, каде беше во дуел со Highway Trio, жирито одлучи да го испрати Давид, кој се чини дека успешно се бореше во текот на целото шоу. Останатите кандидати кои го напуштија шоуто се Нина Симиќ, Илија Михаиловиќ и Милан Букилиќ.
Ohridnews