Нискобуџетската авиокомпанија „Wizz Air“ во јуни и јули годинава ќе воведе директeн лет од Охрид до Базел, Швајцарија. Според најавите, на оваа авио линија од аеродормот „Св. Апостол Павле“ ќе се лета два пати седмично.

Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ компанијата „Wizz Air“ два пати неделно ќе се лета до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен.

Новите дестинации се согласно Договорот за финансиска поддршка за воведување нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид за периодот од 2015 до 2018 година, потпишан помеѓу Министерството за транспорт и врски и „Wizz Air“.

Според Министерството за транспорт и врски, со воведување на новите дестинации се зголемуваат можностите за патување на македонските граѓани и посета на атрактивни локации што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани.

Покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиот период преку проектот за доделување финансиска поддршка на нови авиолинии воведени се директни летови кон Малме, Базел, Милхаусен, Милано, Бергамо, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.

OhridNews