„Wizz Air“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес објави дека, како резултат на затворањето на аеродромот во Охрид, ги суспендира сите летови кон и од Охрид до 25 март 2020 година.

Затворањето на аеродромот доаѓа како мерка за намалувањето на ширењето на пандемијата COVID-19.

Патниците со резервации погодени од суспензиите на летовите автоматски ќе бидат информирани преку е-пошта. Доколку патникот резервирал директно на wizzair.com или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, 120% од оригиналната сума автоматски ќе се префрли на WIZZ сметката на клиентот, средства кој ќе може да се користат во наредните 24 месеци за услугите на Wizz Air. Патниците исто така можат да се одлучат за повраток на пари – процес што ќе потрае подолго – и за кој ќе бидат информирани за потребните чекори за банкарски трансфер или трансфер на банкарска картичка во посебна е-пошта. Во овој случај, клиентите ќе имаат повраток од само 100% од оригиналната цена. Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучително и преку интернет туристички агенции – треба да стапат во контакт со компанијата од која ги купиле своите билети.

„Wizz Air“

„Wizz Air“ искрено се извинува за нарушувањето на плановите на патниците, но воедно напоменува дека безбедноста и благосостојбата на патниците и членови на екипажот остануваат врвен приоритет на авиокомпанијата, стои во соопштението на компанијата.

Како што веќе информиравме, согласно одлуката на Владата за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ 15.3.2020 година, недела, со цел да ги поддржи напорите на државата за спречување на ширење на корона вирусот.

За одлуката известени се сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле, на кои им бил понуден Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.

Тав Македонија ги упати сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании за информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:
Виена – 7 часот и 50 минути -Визер
Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс
Малме – 17 часот и 35 минути – Визер
Базел – 18 часот и 30 минути – Визер.

 

OhridNews