Охридскиот угостителски бренд „Кадмо“ најавува секојдневни забави со одлична музика, како во предновогодишните денови, така и за самиот дочек на новата година и во текот на месец јануари. „Winter in Kadmo“, едномесечна постојана забава со музика за сечиј вкус.

За забавата во вечерните часови ќе се погрижат бројни ди-џеи, како и познати музички групи, меѓу кои и  „Броз“ чии свирки се шоу кое никого не остава рамнодушен, како и „Bettis boob’s“, „High4“. Многу забава, маскенбал за стара нова година, ретро македонска вечер, староградска музика, е само дел од понудата на „Кадмо“.

Нема да изостанат и денските забави, а за новогодишната вечер се најавува незаборавна забава со музика на ди-џеј Аце.

Информации и резервации на телефоните: 075/638 042 и 070/247 768.

Угостителскиот бренд Кадмо неодамна го прослави 12-от роденден.

OhridNews