SoulSite.de, најпознатиот он-лине музички магазин за soul-фановите  во  Германија во својата рецензија http://www.soulsite.de/sonic/groovenbeaz/review.shtml?id=732 го прогласи „We will never end“ на охриѓанецот Владимир Четкар за  најдобар soul-jazz албум оваа година. Строгите критериуми на германскиот on-linе магазин го оценија Албумот на Владимир со 9.5 од мoжни 10 бода, што претставува една од највисоките оцени која SoulSite.de  воопшто ја има дадено, и која е повисока од сите последни изданија на светски познатите музички куќи како Blue Note, Verve, Stax и други!

Во беспрекорната рецензија  се зборува дека We will never end“ успева да ни ги понуди најпрекрасните soul и jazz  звуци оваа година за само половина час. Понатаму  се вели дека од самиот старт на албумот слушателите се „киднапирани“ од магијата на албумот. Агилниот  и брз грув, блескавите виолини, меките дувачи, нежното „Fender Rhodes“ соло и вокал кој потсетуваат на невиниот и релаксиран глас на Michael Franks,  додека гитарската виртуозност на Владимир Четкар рецензентот ја споредува со онаа на големите George Benson i Earl Klugh!

Слична паралела прави и шпанскиот сајт Acid Jazz Hispano кој албумот на Четкар го споредува со George Benson, Quincy Jones, Roy Ayers и Earth Wind and Fire.

http://lnx.indajaus.com/acidjazzhispano/content-2230.html

Во меѓувреме најпопуларната соул музичка страна во Америка, SoulTracks во  својата месечна Топ 10 листа го вклучи и „We will never eнd“ на Владимир Четкар заедно со Dianne Reeves, една од најголемите вокални диви на светската модерна музика.

ohridnews