Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија според WBC. Во меч кој се одржа на стадионот „Вембли“ во Лондон пред 94.000 гледачи, Фјури го совлада сонародникот Дилијан Вајт со нокаут во 6-та рунда.

За 33 годишниот Фјури ова беше 32 победа во кариерата.

Мечот во голем дел мина во тактичко надмудрување и испитување на силата. И двајцата боксери беа внимателни, држеа дистанца, па немаше премногу возбудивања, се до шестата рунда во која Фјури со прецизен аперкат го испрати Вајт на подот.

Тајсон Фјури претходно најави дека вечерашниот ќе му биде последен меч во кариерата и дека сака да се посвети на семејството.

OhridNews