Нуклеарниот сектор во Украина се наоѓа во многу опасна состојба и ризикот од инциденти, слични на оној во Чернобил е огромен, пишува во петокот Washington Times, пренесува „Макфакс“. Главниот проблем на украинската нуклеарна енергетика е корупцијата, која е навлезена на сите нивоа во земјата.

Корупцијата предизвикува целосна неодговорност и хаос во управувањето со нуклеарната инфраструктура, која произведува 53 отсто од електричната енергија во земјата. 

За нуклеарниот сектор одговара компанијата „Енергоатом“, а весникот смета дека тој се наоѓа пред распаѓање. 

Многу од важните раководни позиции во компанијата со години стојат празни, а главен инспектор за нуклеарна безбедност нема повеќе од три години. 

„Енергоатом“ не смета дека треба да почитува ниту една од прифатените мерки за нуклеарна безбедност, а проверките од меѓународните експерти станувале како дожд проследен со ветер, се вели во коментарот на весникот, кој уште додава дека тие прилично биле формални, едноставно подготвени само за пред медиуми. 

Останува, како штo се вели во кометарот „да се надеваме дека Киев ќе ја сфати оваа опасност, која е констатирана во нуклеарниот сектор на земјата“. 

Таа не само што ги загрозува животите на граѓаните на Украина, но и на цела Европа и дека земјата ќе успее да спречи повторување на трагедија слична како во Чернобил, заклучува Washington Times.

OhridNews
извор: „Макфакс“