Европската фудбалска унија го забрани користењето на навивачкиот реквизит, вувузела, на ЕП во 2012 година и на натпреварите од Лигата на шампионите.

Од УЕФА велат дека вувузелата не е дел од традиционалното навивање на стадионите во Европа. УЕФА веќе ги извести националните сојузи на 53-те земји членки да ја спроведат забраната.

Вувузелата популарноста ја стекна на СП кое од 11 јуни до 11 јули се одигра во Јужна Африка. ФИФА, со образложение дека вувузелата е дел од културата на Јужна Африка, на Мундијалот не ја забрани употребата на овој инструмент.

Извор Макфкас“
Ohridnews