Актерката Вупи Голдберг открила дека на почетокот на својата кариера работела на хотлајн. Додека се обидувала да ги оствари своите сништа во Холивуд, актерката се борела со недостатокот на пари, па дополнително заработувала давајќи секси телефонски услуги.
Актерката изјавила дека тоа и помогнало да стане подобра актерка, бидејќи за таа работа морало добро да глумиш. Додала дека кога била млада, тие пари многу и помогнале. На крајот рекла дека денес не би можела да работи нешто слично, бидејќи сите би и го препознале гласот.