Вупи Голдберг станала соработник на сајтот “Cannabist” на кој пишува блог за марихуаната. Таа наведува дека новата медицинска марихуана многу помага во бробата против главоболката која и предизвикува глауком.
Вупи, која живее во Њу Џерси каде оваа дрога е илегална, навела дека се надева како предвидувањата за легализација на новата медицинска марихуана ќе се проведат насекаде. Блогот го илустрирала со фотографија од таканаречено „Вајп“ пенакло, односно справа за пушење марихуана. Покрај фотографијата напишала „Моето вајп пенакло и јас, љубовна приказна“.