Подрачјето на Македонија повеќе не е под влијание на облакот од вулканска пепел и прашина, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Здравствените работници информираат дека нема последици по здравјето на луѓето од вулканскиот облак под чие влијание кусо време беше и нашата земја, бидејќи тој се наоѓал на многу голема височина.

Во меѓувреме исландските научници предупредуваат на можна нова ерупција на втор вулкан во близина на веќе активниот, што може да предизвика дополнителни проблеми како за населението на островската земја, така и во Европа.

OhridNews