Ерупцијата на вулканот во Исланд, што исфрли облак од чад висок шест километри го наруши нормалното одвивање на авионскиот сообраќај. Поради ерупцијата голем број летови во светот се откажани.

Ројтерс пренесува дека дека ерупцијата на вулканот на Исланд  ниту по 40 часа не покажува знаци на смирување. Третина од мразот што го покриваше вулканскиот кратер е стопена што предизвика излевање на реките. Илјадници хектари земјиште се подкриени со пепел, а евакуирано е целото население во подрачјето на активниот вулкан.


OhridNews