Најмалку 1.500 луѓе биле евакуирани поради ерупцијата на вулканот Калбуко, кој се наоѓа во јужниот дел на Чиле, јавија светските агенции. Вулканот Калбуко последен пат бил активен пред 43 години.

Првата ерупција била забележана вчера, а втората денес во утринските часови поради што властите започнале со евакуација на населението кое живее во радиус од 20 километри.

Калбуко се наоѓа во областа Лос Лагос, во која е сместена и популарната туристичка дестинација Пуерто Варас. Поради ерупцијата на вулканот вонредна ситуација е прогласена и во јужниот дел на Аргентина, во областите кои се оддалечени на некои 100 километри од вулканот. Локалните медиуми известија дека вулканот започнал да исфрла чад и пепел поради што од средата е прекинат авио сообраќајот.

Чиле се наоѓа во Пацифичкиот појас и го има вториот најголем синџир од вулкани по Индонезија.

OhridNews

извор Макфакс