Фудбалерите на Вулкан го освоија трофејот во Општинскиот куп. „Црвените“ во финалето на „Атина Бојаџи“ со минимални 1-0 го совладаа тимот на Воска.


Стрелец на победничкиот погодок за „вулканизерите“ беше Меритон Мерко во 35-та минута, кој од далечина ја погоди мрежата.


Со победата во Општинскиот куп екипата на Вулкан обезбеди пласман во 1/16 финалето од Купот на Македонија следната сезона.

Ohridnews