Фудбалерите на Вулкан се првите патници во финалето на Општинскиот куп победувајќи го Лакочереј со 2-0 во полуфиналето.
Во преостаното полуфинале ќе се сретнат Воска и Рудар кои во четвртфиналето беа поуспешни од Злести односно Вапила.
Победата во Општинскиот куп гарантира учество во следната сезона во првата рунда од националниот Куп на Македонија.
Мх.П.