Охридскиот преставник во Купот на Македонија, Вулкан во среда во 17:30 часот на „Атина Бојаџи“ ќе го пречека тимот на Македонија Ѓорче Петров во 1/16 финалето.
Пласман во 1/16 финалето од Купот фудбалерите на Вулкан обезбедија победувајќи во Општинскиот куп минатата сезона.
Со одигрувањето на куп натпреварите ќе се означи стартот и на мечевите во пониските лиги во македонскиот фудбал.
Двојки : Еуромилк – Ренова, Вулкан – Македонија ЃП, Превалец – Силекс, Лирија – Хоризонт, Зајаз – Шкендија, Беласица – Скопје, Љубанци – Тетекс, Победа – Младост Царев Двор, Кожув – Вардар, Поешево – Гостивар, Малеш – Металург, Љуботен – Шкупи, Фортуна – Работнички, 11 Октомври – Пелистер, Плачковица – Брегалница.
Ohridnews