Екипата на Вулкан натпреварот со Враништа од 18-та рунда во Третата македонска фудбалска лига ќе го одигра на „Атина Бојаџи“.
Со одлуката на „вулканизерите“ да се преселат од Косел на „Атина Бојаџи“ љубители на фудбалот во Охрид повторно ќе имаат можност да следат фудбал на еден од најубавите стадиони во Македонија.
Вулкан котира високо на табелата и се наоѓа на третата позиција со исто бодови колку второпласираната Преспа, а три помалку од лидерот Младост. Мечот се игра в недела со почеток од 15:00 часот.
Мх.П.