Српскиот тренер Влада Вукоичиќ ќе го предводи македонскиот кошаркарски
шампион МЗТ Скопје Аеродром во претстојната сезона, откако по
заминувањето на Словенецот Алеж Пипан тренерското место остана празно,
објавено е на клупската интернет страница.

Минатата сезона Вукоичиќ ја помина во тимот на Црвена Звезда, со кој што
настапуваше во АБА лига и Еврокуп натпреварувањето. Како предводник на
црвено белите  забележа скор од 18 победи и 6 порази во АБА,  додека во
Еврокупот се пласира и во Топ 16 фазата.

Во својата кариера Вукоичиќ ги има предводено клубовите на ФМП Железник
(2005-2008) Хемофарм Вршац (2008), белгиски Остенде (2008), Босна
(2008-2009), Мега Визура (2010-2011), и Црвена Звезда (2012-2013),
додека има искуство со младинската и сениорската репрезентација на
Србија

Меѓу позначајните успеси при неговите тренерски ангажмани се: златен
медал на Универзитетските игри како помошник во српскиот национален
состав во (2003) ,  освојување на Јадранската лига со ФМП Железник како
тренер ( 2006-2007),  освојување на српскиот Куп со ФМП Железник (
2006-2007), пласман во полуфиналето на УЛЕБ Купот со ФМП Железник
(2007), златен медал на Европското првенство (за играчи до 20 години)
како селектор на националниот тим на Србија (2007).

„Макфакс“