Вукашин Браиќ, годинешниот претставник на Босна и Херцеговина на „Евросонг“ во Осло, ќе настапи во натпреварувачкиот дел на интернационалната вечер на фестивалот „Охрид-фест – охридски трубадури 2010“.


Тој ќе се обиде да ги искористи симпатиите на публиката во Македонија, кои ги стекна благодарение на реалното шоу „Операција триумф“ и да се избори за една од вредните награди.

Негова конкуренција на интернационалната вечер на фестивалот ќе бидат Бети Буп, Елена Илијади, Тања Жагар, групата „Феминем“, како и наградените пејачи од поп-вечерта на фестивалот.

Од советот на „Охрид-фест“ најавуваат уште многу интересни музички изненадувања за најновото издание на оваа музичка манифестација, која ќе се одржи од 25 до 28 август. Сите четири фестивалски вечери директно ќе се пренесуваат на МРТ и на десет други балкански телевизии.     

      

Ohridnews