Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија во Охрид ги продолжува подготвките за претстојното СП кое од 13. до 28. август ќе се игра во  Македонија, а еден од градовите домаќини ќе биде и Охрид. По реализирањето на првата фаза на подготвките на Копаоник (Србија) втората фаза јуниорите ја одработуваат со двојна доза тренинзи. Македонскиот селектор, Црногорецот Веселин Вујовиќ е задоволен од досега сработеното.

– Момците се добри професионалци, паузата ја искористија за што поспремни да дојдат на подготовките. Имаме мали пробелми со повредите, но тоа не не ништо страшно. Имамме прекрасни услови како во хотелот, така и во салата „Билјанини Извори“. Сите услови за да се спремиме за едно големо натпреварување како СП се тука – вели за ohridnews селекторот Вујовиќ.


Задоволни од подготовките:
Веселин Вујовиќ и Илија Темелковски

На Вујовиќ кој на располагање има 18 играчи  му помагаат  Ѕвонко Шундовски и Илија Темелкоски, кои со  ракометните надежи работат  два пати во текот на денот. До пладне работат на физичката подготвеност, додека тактичките варијанти се разработуваат на попладневните тренинзи.

На 16-то јуниорско СП, македонската репрезентација според желбата на селекторот ќе игра во А групата во Охрид заедно со Шведска, Португалија, Кувајт и Ангола.Покрај натпреварите во А групата во Охрид ќе се играат и средбите во групата Б, каде партиципираат Германија, Египет, Аргентина, Франција и Чиле.Домаќин на групите Ц и Д ќе биде Скопје. Најдобрите три продолжуваат во главната фаза, а другите разигруваат за пласман од 13 до 20 место.

Пласманот во вториот круг не би требало да дојде во прашање, нескриените апетити за висок пласман дополнително би се зголемиле доколку се оствари победа против фаворитот во групата Шведска. “ Фаворити на првенството се Германија, Данска, Хрватска, поточно сите Скандинавски земји, тие играат квалитетен ракомет и на оваа возраст имаат сјајни генерации“, додава Вујовиќ.


јуниорите во Охрид работат напорно

Доколку во првиот круг Македонија ги освои сите бодови и ја победи Шведска, може да се надева на пласман во полуфиналето, а кога ќе се влезе во полуфиналето тогаш се е можно. Тоа би бил и доплнителен импулс за ракометот во Македонија, смета Вујовиќ.

Репрезентативците во Охрид ќе работат до петок кога од Вујовиќ ќе добијат тридневен одмор.

Од следната недела ќе се определат термините кога јуниорите ќе одиграат четири пријателски натпревари со врсниците од Тунис.Според Вујовиќ главна цел покрај воигрувањето на тимот ќе биде и анимирањето на навивачите од регионот, затоа две средби ќе се одиграат во Охрид, а по една во Ресен и Битола.

Мирко Постоловски
Ненад Цветанов