“Црвено-црните“ стигнаа до полуфиналето од Купот на побендиците на куповите но тешкиот пораз од Гумерзбах 33-21 ги остави без шанса во реваншот.
Целта на некогаш најдобриот светски ракомет ќе биде освојување на трофејот во Купот на Македонија, каде вардарци се во полуфиналето заедно со Металург, Борец и Пелистер.
Финалниот турнир треба да се игра на 14 и 15 март, а РФМ се уште го нема одредено домаќинот.