Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија изрече драстична суспензија од една година за тренерот на Вардар ПРО, Веселин Војувиќ, кој беше исклучен на дерби средбата со Металург.


Вујовиќ покрај црвениот картон, влегол во записникот од судиите поради дивеењето на теренот и закани кон нив по настанувањето на мешаницата.

Филип Миркуловски и Илија Адутовиќ кои беа иницијатори на инцидентот заработија суспензија од еден натпревар, а Вардар ќе плати 10 000 денари за лоша организација.

Со суспензијата која му ја изрече РФМ на Вујовиќ по знак прашалник се става останување на Црногорецот на клупата од Вардар ПРО.

Ако контроверзниот тренер се реши да остане на клупата од Вардар, тој нема да може да ја води екипата на домашните натпревари и мечевите од групната фаза во Лигата на Шампиони.

Мх.П.