Актуелниот тренер на Металург, Лино Червар и поранешниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ се потенцијални кандидати за преземање на кормилото од Загреб.
Трет кој ја затвара листата на кандидати за тренер на хрватскиот шампион е Нока Сердарушиќ кој моментално работи во францускиот шампионат.
Хрватските медиуми пренесуваат дека најмногу шанси има екс стратегот на „црвено црните“ Вујовиќ кој сега засега нема тренерски ангажман.
Червар неодамна најави враќање во Хрватска и тамошниот ракомет, но тој сеуште ја нема завршено мисијата во Металург истакнуваат хрватските интернет портали.
Мх.П.