Најискусниот во составот на Металург, Ренато Вугринец на дуелот со Војводина во регионалната СЕХА лига ќе се прости од клубот, навивачите и ќе замини како останатите соиграчи.


„Почитувана публико, чувствувам потреба на овој начин да ви се обратам вам, на вас кои верно го следевме овој клуб, моето играње, моето несебично давање за ВАС!

Во ова обраќање сакам на кратко да ви доловам што чувствувам и што ме следеше во текот на моето играње за Металург. Играв низ Европа по разни клубови, но морам да признаам дека ваква компатабилност, припадност каква што имаа играчите кои несебично се бореа за боите на Металург досега немам видено.

Се надевавме до последно дека резултатите кои ги постигнавме ќе ја разбудат свеста на граѓаните и ќе им овозможат на истите актери да продолжат во нова бајка, која во овој момент неславно ја завршува приказната.
Македонија е земја која од многу аспекти ми прирасна кон срце Нова љубов, нов предизвик за кој верував дека ќе опстане, но добива поинаков епилог

Поради тоа наша верна публико, „Пирати“, донесов одлука утрешниот натпревар да го одиграм за Вас, за сите мои соиргачи и за моја душа и на тој начин да ве поздравам сите, затоа што вие тоа го заслужувате. – стои во соопштение од Вугринец.

Со заминувањето на Вугринец се става точка на кризата по која заминаа речиси сите ракометари кои беа во сениорскиот тим со исклучок на голманот Никола Митрески и Гоце Ојлески.

Мх.П.