Ракометарите на Металург, Филип Миркуловски и Ванчо Димовски го пропуштија вториот тренинг на селекцијата која е на подготовки во Охрид.
Искусните репрезентативци ги поштеди селекторот Ивица Обрван по напорните натпревари во Лигата на Шампиони за тимот од Автокоманда.
Со селекцијата прв целосен тренинг одработи новиот репрезентативец Ренато Вугринец, кој беше поштеден на собирот во вторникот.
Мх.П.