Ракометарот на Металург и член на македонската репрезентацијата е одбран за најдобар ракометар на Балканот во изборот кој го спроведе интернет страната „Балкан Хендбол“.
Во трката новопечениот Македонец ги победи ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ и својот соиграч Дарко Станиќ.
Вугринец во дресот на „металурзите“ имаше брилијатна сезона постигнувајќи 95 погодоци во натпреварите од Лигата на Шампиони и беше двигател на играта и резултатите во тимот од Автокоманда.
Наградата за најдобар тренер ја освои Лино Червар, а Драган Аџиќ и Саша Бошковиќ ја поделија титулата во женскиот ракомет.
Суперѕвездата на Вардар СЦБТ, Андреа Лекиќ очекувано се закити со наградата за најдобра ракометарка.
Мх.П.