Најискусниот ракометар во редовите на Металург, Ренато Вугринец ќе се врати во стројот по принудната пауза.
Тој мечот со францускиот гигант Пари Сен Жермен го пропушти поради суспензија, а преостанатите два со Загреб и Брест Мешков поради повреда на дланката.
Повредите и суспензиите се минато за македонскиот репрезентативец, кој е подготвен за враќање на теренот на мечот против германскиот гигант Кил.
– Конечно се опоравив од повредата и подготвен сум за враќање на теренот. Но, за мојот настап одлучува друг и ќе се стрпиме до в сабота – рече Вугринец.
Словенецот со македонски пасош исто така стави точка околу шпелукациите за негово заминување од шампионот на Македонија.
– Јас имам договор со Металург, што е се уште важечки, и се друго околу мои некакви преговори со други клубови и мое заминување е шпекулација. Искрено би сакал да продолжи успешната приказна на Металург. Како ќе се развиваат работите ќе видиме – изјави „Вуги“ за интернет порталот „Република“.
Мх.П.