– Искрено се надевам дека нема да ги повториме грешките кои ги направивме против нив во групната фаза. Никој пораз не е трагичен, ако од него научиш како да победуваш. Ние сме подготвени, а посакуваме да победиме барем со еден гол во првиот натпревар, за да им го зголемиме притисокот врз нив пред реванш мечот во Полска – рече Ренато Вугринец.
Според Словенецот во вакви исклучителни важни натпревар секогаш е пресудна играта во одбрана. Македонскиот првак тоа го прави најдобро, ја има најдобрата одбрана во Лигата, но мора да го потврди на мечот со полјаците.
– На овие мечеви посебен акцент се става на одбраната. Нашите голмани завршуваат голема работа во вакви натпревар, се надевам дека ќе бидат на висина од задачата и ние во нападот ќе постигнуваме погодоци и најмали шанси – заврши Вугринец.
Со елиминација на Киелце, Металург ќе обезбеди пласман во завршницата од Лигата на Шампиони што ќе се одржи во Келн.