Ракометарите Ренато Вугринец и Немања Прибак добија македонски пасоши и ќе бидат на распологање на селекторот на репрезентацијата, Ивица Обрван.
На седницата Владата одлучи да им додели пасоши на ракометарите кои настапуваат во македонските клубови.
– Врз основа на законската процедура и член 11 од Законот за државјанство, Владата одлучи Ренато Вугринец и Немања Прибак да бидат примени во државјанство на Република Македонија, сите надлежни институции дадоа позитивни мислења и одлуката е веќе донесена – рече за „Курир“ владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, а пренесува „Мкд.мк“.
Околу Прибак ќе решава ЕХФ бидејќи тој има веќе настап за Србија во 2011 година, а треба да поминат три години, а Вугринец нема настап и веднаш му е достапен на „фалангата“.
Вугринец и Прибак се дел со уште 26 репрезентативци кои се најдоа на поширокиот список на селекторот Обрван.
Мх.П.