Разочарувањето е големо во екипата на Мателург по елиминацијата во 1/4 финалето од Лигата на шампиони. Иако искусен ракометар со многу трофеи, Ренато Вугринец жали за пропуштената шанса, која ќе го одведеше Металург во најдобрите четири на стариот континент.


– Визата за завршницата во Лигата на шампиони ја загубивме уште во Скопје, кога изгубивме со два разлика. Одигравме добро со срце, но недоволно концетрирани за да го достигнеме врвот во оваа сезона – рече Вугринец.

Многуте повреди во двомечот со Киелце како и неконтинуираната игра го оневозможи македонскиот првак да влезе во историјата на европскиот ракомет.

– Во двата меча имавме неверојатен пат, што се одрази со елиминација. Игравме со срце како и обично, а не со памет и глава. Им честитам на ракометерите на Киелце и им посакувам многу среќа во завршницата – истакна стратегот на Металург Лино Червар.

Мх.П.