Искусниот ракометар Ренато Вугринец ја продолжи соработката со Металург на уште две години. Словенецот на истекот од преодниот рок ја засили екипата на Металург и со маестралните престави веднаш стана миленик на скопската публика.

“Металурзите“ се на чекор од обезбедување на историски пласман во осумте најдобри откако славеа на гостувањето во Минска кај Динамо со 26-23.
Вугринец сезонава заедно со Наумче Мојсоски и крилото Дејан Манасков се ударната игла во нападот на Металург.

Мх.П.