На бараж натпреварот со Грција за Светското првенство во Катар следната година официјално деби во „црвено жолтиот“ дрес ќе има десниот бек на Металург, Ренато Вугринец.
– Дебито не е како секој натпревар, тое нешто посебно. Ќе дебитирам за Македонија мојата втора држава. Дефинитивно против Грција покрај спортскиот има и друг набој, но сега тој да го оставиме на страна и да им покажиме што знаеме и умееме. Влогот не е голем туку преголем а тоа е пласман на Светското првенството – рече Вугринец.
Новопечениот репрезентативец е дел подготовките во Охрид кои веќе недела дена ги одработува македонската селекција.
– Поголем дел од репрезентативците ги познавам бидејќи доаѓаат од Металург и Вардар. Подготовките во Охрид добро ни дојдоа на сите откако имавме напорна и успешна сезона. Среќен сум меѓу момците кои одлично ме прифатија и мислам дека сме подготвени за големи работи – додаде популарниот „Вуги“.
Мх.П.